Платини и Блатер ослободени од обвинението за подмитување


Швајцарскиот суд денеска ги ослободи од обвиненијата поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во случајот за поткуп што доведе до нивна забрана за активности во светот на фудбал.

Дополнително, вонредниот Апелациски суд во Мутенц на 25 март ќе одлучува за судбината на Платини и Блатер, на кои поради измама им се заканува казна затвор до пет години.

Како и на првото судење во 2022 година, обвинителот Томас Хилдбранд побара условна затворска казна од 20 месеци за обајцата, обвинувајќи ги дека инкасирале два милиони швајцарски франци од ФИФА во 2011 година под изговор за непостоечки долг кон Платини.

Обвинителството тврди дека Платини ја измамил администрацијата на фудбалското тело, со помош на Блатер, поднесувајќи „лажна фактура“ кога веќе бил целосно платен за консултантската работа од 1998 до 2002 година за Блатер.