Планот за раст не е лек, туку е алатка на патот кон ЕУ

Реформската агенда не е лек за сите болести туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството, рече евроамбасадорот Михалис Рокас


Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас

 

Пораката на Планот за раст е мошне јасна – тоа е сеопфатна понуда од Европската унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Тој вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето.

Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на прес-конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во владиниот медиа центар. Тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда. 

Спроведувањето на Реформскаат агенда од Планот за раст, нагласи тој, треба да резултира со тројна победа – опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи. Резултатите ќе се оценуваат два пати годишно, а средствата ќе се ослободуваат соодветно на фиксните полугодишни распореди само ако се постигнат целите, ќе се вршат и плаќањата кон националните буџети.

„Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку е алатка за да се поддржат подготовките на земјата за ЕУ. Реформската агенда не е лек за сите болести туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството. Забрзувањето на усогласувањето со вредностите стандардите политиките и праксите на ЕУ за функционални институции, транспарентно и отчестбо владеење, зелена транзиција и одржил развој. Владата се обврза кон младите, бизнисите, НВО и кон медиумите дека ќе ги унапредува реформите со што ќе донесе опипиливи придобивки за земјата и ќе напредува на својот пат кон ЕУ. Ова ќе го правиме заедно, со поголема политичка волја, ќе ги мобилизираме сите нивоа  на Владата и со моделот на ЕУ за единство и солидарност што ќе биде во центарот на нашиот потфат“, рече Рокас.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, рече е клучот на упсешноста на реформите.

„Добро осмислената и спроведена  комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се пруслов граѓаните да почувствуваат дека рерормите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот. Преку овој План, граѓаните ќе можат јасно да ги согледаат конкретните резултати и ефекти на реформите“, рече Муртезани.

Активностите поврзани со овој План, како што наведе министерот Муртезани, се структуриран во три фази: прво ќе ја градиме свеста за реформите и можностите што ги нуди Планот за раст; второ, ќе ги покажеме конкретните резултати преку успешни приказни на граѓаните, бизнисите и институциите; и во третата фаза ќе ги оценуваме нашите комуникациски активности и ќе ги прилагодуваме според вашите очекувања и потреби. (МИА)