Планетариумот во МКЦ по двегодишна пауза почнува со работа


По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ од утре ќе почне со работа со што заинтересираните повторно ќе имаат можност да учат за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сè околу нас.

Предавањата ги реализираат ценетите предавачи Моника Пешевска и Радан Митровиќ. Предавањата се адаптирани според возраста на посетителите.

Условите за посета на Планетариум се во согласност со постојните официјални протоколи за справување со пандемијата предизвикана од ковид-19.

Максимален број на посетители на едно предавање во Планетариум е 30 лица. Сите посетители треба да носат заштитна маска за време на предавањата.