Плаќање на заостанати долгови за вода и смет без камата до 29 ноември


Граѓаните на Град Скопје од четврти до 29 ноември годинава ќе можат да ги платат заостанатите долгови за вода и комунален смет без камата.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на 22-та седница Управниот одбор на ова претпријатие донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

ЈП „Водовод и канализација“ ги повикува сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.