Пиши бриши поддршка за Ѓукановиќ


Мило Ѓукановиќ

Пред околу две недели македонскиот премиер Димитар Ковачевски објави видео на Јутјуб во кое му дава поддршка на сега веќе поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Но, откако стана јасно дека Ѓукановиќ ќе ги загуби изборите, видеото стана недостапно. Во видеото Ковачевски велеше:

-Почитуван Мило, ја имате поддршката од Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија и од македонските социјалдемократи. Ви посакувам успешна кампања, мирен изборен ден и победа на претседателските избори во недела. На овој начин Црна Гора ќе остане на вистинскиот пат, а што би рекле моите драги црногорски пријатели – МИЛО, него кој“, се наведуваше во видео пораката за поддршка од Ковачевски.