Пингпонгарите со бројна репрезентација на Балканското првенство до 15 и 19 години

Од денеска до 28 јуни во Грција се одржува Балканското првенство во категориите до 15 и 19 години, а македонската репрезентација учествува со 11 учесници. Репрезентацијата е предводена од тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.
Од денеска, пак, до 1 јули Јован Пармачки од ППК Зегин Берово учествува на Европски камп во Порто, Португалија. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи. Пармачки го предводат тренерот Зоран Јованоски и Горан Тиловски.
Влогот во младите перспективни играчи останува приоритет на Пинг понгарската федерација на Северна Македонија и Федерацијата позитивно одговара особено на можностите за меѓународен напредок на играчите.