Пијан полицаец ја претепал сопругата до бессознание
Полицаец е приведен откако вчера во алкохолизирана состојба физички ја нападнал сопругата, по што таа паднала во бессознание.
Како што соопшти МВР, настанот се случил вчера околу 20:30 часот во Куманово, во семејниот дом на полицискиот службеник В.Т.
– В.Т., кој бил под дејство на алкохол, започнал вербална расправија со својата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал, по што таа паднала во бессознание. В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди – наведуваат од МВР.