Петрушевски тврди: Искусни медицински сестри изгубиле работа зошто ДУИ си вработил свои


ВМРО-ДПМНЕ обвини за ДУИ-зација на Куманово. Според пратеникот Бране Петрушевски, четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки.

-Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, истакна Петрушевски.

Според него, во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДСМ и ДУИ се договориле шест вработувања да бидат нови од ДУИ, а четири  од СДСМ, кои веќе четири години работеле таму по договор. Директорот, поставен од ДУИ си ги вработил сите 10 од ДУИ,   затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДСМ Тушевски наводно си дал оставка, а пратеникот Костовски се криел.

-Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, истакна Петрушевски.