Петрушевски: СДСМ призна дека го прислушкувале Мицкоски

„СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени“, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција. Според него, тие го дале најголемиот доказ дека државен апарат бил ставен во функција за тие да опстанат подолго на власт.
-СДС најпрво тврдеше дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите. СДС призна две работи.
Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка.
СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт. ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница, рече Петрушевски.