Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски


Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски по објавените фотографии на кои се гледа како зема дрога.

-Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или  сега кога водел орган во СДС?

Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?

Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата? – порача Петрушевски.