Петриња не престанува да се тресе, нов земјотрес од 3,5 степени


 

Покрај Петриња, утрово во 10.59 часот повторно е почуваствуван земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.

„Утворо, на 16 јануари 2021 година, во 10 часот и 59 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен потрес со епицентар западно од Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот IV-V степени по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.

ЕМСЦ порано јави дека потресот бил на длабочина од 2 километри.