Петре М. Андреевски, Тоше, Есма, „Леб и сол“… се на списокот за државно одбележување во 2026


Дури 95 историски настани или личности годинава ќе добијат шанса за државно одбележување на нивните јубилеи. Предлог-програмата за годишнини на значајни настани и личности во 2026 година денеска е пред собраниската Комисијата за култура и туризам.

Од културата, ќе се одбележува 60 годишен јубилеј од првиот „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, потоа 40 години од смртта на Ристо Шишков, но и 20 години од смртта на Петре М. Андреевски.

Ристо Шишков

Доајените на македонската народна музика Никола Бадев и Васка Илиева исто ќе добијат државно одбележување од „Танец“ на годишнините од нивната смрт.

Никола Бадев

Васка Илиева

Од естрадата, општина Струмица ќе одбележува 5 години од смртта на Гоце Арнаудов, Крушево – 15 години од отворањето на Спомен куќата на Тоше Проески, а град Скопје 50 години од основањето на рок-џез групата „Леб и сол“ и 10 години од смртта на Есма Реџепова.

Гоце Арнаудов

Спомен куќата на Тоше Проески

Леб и сол

Есма Реџепова

Годишната програма за државно одбележување на значајни личности и настани се изготвува секоја година од ресорната Комисија за култура, по спроведен повик до државни органи, научни институции, единиците на локална самоуправа, здруженија на граѓани и институции во државата, по што ја прави селекцијата.

Оваа годишна програма е втора по обем, по ланската програма која содржеше над 100 јубилеи со цел да се надоместат некои јубилеи што изминатите години не добија државно одбележување.