Петиција против Бил Гејтс за злосторство против човештвото и злоупотреба на медицината


 

Во САД е покрената петиција за покренување истрага против Фондацијата на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс поради злосторство против човештвото и злоупотреба на медицината.

Како што пишуваат светските агенции, петицијата, која е објавена на страницата на Белата куќа „Ние луѓето“, до сега ја потпишале 425.000 луѓе, што е четирипати повеќе од бројот неопходен за официјален одговор од Белата куќа.

До федералната американска влада се апелира да бара од Конгресот да спроведе сеопфатна и јавна истрага.

„Додека ги гледаме случувањата околу пандемијата од ковид-19, многу прашања остануваат без одговор. На 18 октомври 2019 година, само неколку седмици пред прогласување на првата жртва во Вухан во Кина, одржани се две големи случувања. Еден е „Настан 201“, а другиот „Светски воени игри“, а двата се одржаа во Вухан“, пишува во петицијата.

Понатаму во петицијата против Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ се вели „од тогаш почнува притисокот ширум светот да се направи вакција и да се вовоеде биометриско следење на луѓето“.

Потписниците на петицијата тврдат дека на чело на оваа акција стои Бил Гејтс.

Петицијата е покрената на 10 април, а за само неколку дена ја потпишале 100.000 луше, што значи дека Белата куќа треба да се позанимава со ова прашање во рок од 60 дена.

https://twitter.com/sallyKP/status/1252036303606210562