Петар Колев: Во 21 век само Русија и Македонија ретроактивно забрануваат невладини организации

„Само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со ретроактивни закони – тоа се Руската Федерација и Република Северна Македонија“, рече Петар Колев, претседател на Граѓанско демократскиот сојуз во РСМ, во интервју за бугарската програма „Брисел 1“.
„Индикативно е начинот на кој со уставно мнозинство беше одлучено законодавството (против клубовите на македонските Бугари) да се разгледува по брза процедура. Ова е најбрзо усвоениот закон во РСМ – за помалку од еден календарски месец.Тоа досега не се случило, дури ни во 2001 година, за време на воениот конфликт, немало такви брзи решенија“, објаснува Колев.
„Немаме друга алтернатива освен да си ги бараме правата, а кога ќе го исцрпиме домашниот правен поредок ќе се обратиме и до европските институции. Повеќе од 100 години раната на Македонија крвари, во случај некој во Скопје да мисли дека забраната за два клуба ќе не спречи да си ги бараме правата, да ги потсетам дека ВМРО беше забрането во Софија во 1934 година, но како што гледате и денес македонските бугари продолжуваат да ги бранат своите човекови права во РСМ.Оние што мислат дека забраните ги решаваат овие прашања, да им кажам дека македонските Бугари немаат намера да се откажат и нема да правиме компромиси и да дозволиме нашите деца да бидат индоктринирани со анти -бугаризам и омраза кон Бугарија и некој да ја искривува историјата и да ни ја навредува културата, без разлика дали овој мозок е во Скопје, Белград или Москва“, коментираше Колев, игнорирајќи го фактот дека такви методи се применуваат со децении во Бугарија кон бугарското малцинство и нема ниту една недела откако од Благоевград даваа силни изјави дека клубот на Македонците таму е нелегитимен.
„Очигледно, РСМ бара начин да се запре на патот кон ЕУ. Знаејќи дека вашиот предуслов за почеток на преговорите со ЕУ е да им дадете права на македонските Бугари, а вие ги забранувате нивните организации, што очекувате? Мислам дека овие луѓе (т.е. политичката елита на РСМ) се многу добро свесни што ќе се случи по овие постапки и токму тоа е кон што целат, затоа што не сакаат РСМ да стане демократска европска земја, затоа што тогаш како балон ќе пукне лагата што владее со РСМ повеќе од 70-80 години.Овие се политичари од минатото и токму затоа влечат заби и нокти кон него за да си ги задржат сегашните позиции“, ги коментираше постапките на политичката елита во Скопје Петар Колев од позиција на некој што е државјанин на Бугарија а не на Македонија.
На прашањето на водителот дали со новата законска регулатива ќе се сменат имињата на клубовите на македонските Бугари, Колев коментира:
„Ако некој очекува дека Бугарите во РСМ ќе се срамат од својата историја и нивните кралеви и дека лесно ќе се откажеме од нашето достоинство и од нашата прадедовска меморија, тој е насочен на погрешна адреса. Немаме намера да се откажеме од нашето право да кријат нашите кралеви, војводи и нашата култура.Како што ги почитуваме другите култури во РСМ како албанската,турската,влашката,ромската…така и тие ќе мора да ја почитуваат нашата. Југославија одамна отсуствува од политичките карта на Европа и РСМ одамна е независна држава и крајно време е овие центри во РСМ кои ја оддалечуваат од нормалниот европски свет да разберат дека македонските Бугари постојат, живеат во РСМ и имаат право да бидат еднакви со сите други. И тие имаат право да бидат таму каде што се родени, каде што нивните деца учат и каде што се погребани нивните предци. Немаме намера да правиме компромиси со овие основни човечки вредности. Ова беше и предлогот на ЕУ за деблокирање на процесот на преговори со ЕУ за PCM услов за отворање на Брисел е вклучување на Бугарите во Уставот. И нека го соберат истото уставно мнозинство од 84 пратеници (од вкупно 120) и нека го сменат македонскиот Устав, затоа што ако не го сторат тоа, ќе бидат виновни што РСМ не почнала преговори со ЕУ“, се закани Колев како да Бугарите во Македонија ќе ја носат таа одлука, особено тие малкумина што гласаа за неговата партија на последните избори камуфлирана како граѓанска.
Колев инаку од неодамна почна да пишува за БГНЕС со што и официјално е на платен список во Бугарија.