Пет лица загинаа во пожар во зграда во Москва
Пет лица, меѓу кои четири деца, загинаа во понеделникот во пожар кој изби во една станбена зграда во московската област Волоколамска.
Во пожарот што изби на првиот кат, три лица се повредени, речено е за агенцијата Тас во регионалното министерство за вонредни ситуации.
Загинати се 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да побегнат, но се задушиле од чадот.
Тела на уште три деца се пронајдени во еден од становите зафатени од пожарот.
Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.
Пожарот избил во 2.30 по локално време. По доаѓањето на пожарникарите, два стана веќе изгореле.
Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот засега е непозната.