Перински: Не може постојано да барате помош од „големиот брат“, а да не собирате локални даноци


Златко Перински - министер за локална самоуправа (Фото: Б. Грданоски)

Ресурсниот центар којшто денеска беше промовиран, ќе значи насока и поддршка за локалната самоуправа, а таму ќе можат да се обратат за полесно собирање даноци, за насоки на одредени процедури, почитување на ревизорските извештаи, како и зајакната меѓуопштинска соработка и друго.

– Ресурсниот центар на МЛС е прокет којшто е замислен да биде една контакт точка на сите проблеми коишто ги имаат градоначалниците, а се наталожени минетите децении. преку ресурсниот центар ќе биде една можност кадешто ќе се допираат реалните потреби и предизвици на градоначалниците и нивно надминување со експертското знаење коешто ќе им го ставиме на располагање, токму преку овој концепт којшто е секако помош и поддршка на нивното тековно работење. овој ресурсен центар ќе ги канализира и сите оние донаторски средства коишто се влеваат во Република Македонија, а се насочени кон локалниот и регионалниот развој. ќе се креираат предлог-решенија во делот на дигитални алатки, ќе се креираат практични брошури, којшто би требало на градоначалниците да им дадат еден концепт, една можност одблизу да се запознаат со процесите коишто ги чекаат во нивните градоначалнички мандати – рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Ресурсниот центар е замислен да биде една контакт точка меѓу градоначалниците и јавната администрација, меѓу локалните и централните институции во соработка со донаторската заедница.

Една од идеите е овој ресурсен центар да помогне во надминување на меѓуопштинските проблеми и стимулирање на соработката меѓу општините.

Од 2026 година, најави министерот Перински, на локалните самоуправи ќе им бидат ставени на располагање ажурирани бази на даночни обврзници, преку кои ќе можат посоодветно да ги колектираат сопствените извори на финансирање. Понатаму, остaвено е на градоначалниците со нивните менаџерски способности, да ги собираат даноците кои им ги полнат касите и буџетот. И досега, со постојното законско решени има градоначалници кои собираат 100 отсто од даноците, а има и општини кои 10 години немаат издадено ниту едно даночно решение. Оние кои нема да го постапат тоа, најверојатно во периодот што следи ќе бидат ограничени во помош и поддршка од страна на централната власт, „затоа што не е соодветно постојано да барате помош од „големиот брат“, кога вие несоодветно си ги коелектирате сопствените средства“. Одговорност не бара централната власт туку градоначалникот од граѓаните и од финансовите институции, финансиската полиција и ревизорите, вели Перински.

Ресурсниот центар ќе помогне и ревизорските извештаи да бидат испочитувани од локалната власт, според сите забелешки што ги ма во извештаите изработени во последните 10 години.

Законот за локална самоуправа е даден во Собрание, каде е исцрпена и собраниската процедура, но тој ќе се усвои кога ќе се обезбеди Бадентер. Со него се зголемува демократичноста на локалната самоуправа, а министерот смета дека е добро да го види светлото на денот.(Б.Б.)