Пензионери од Општина Гази Баба ја добија најавената финансиска поддршка од 2.500 денари

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше дека денеска 510 пензионери со ниски примања ја добиле најавената финансиска поддршка, за која истакна дека значи повеќе сигурност и достоинство за највозрасни сограѓани.
„Денес 510 пензионери со ниски пензии од Општина Гази Баба добија на своите сметки по 2.500 денари директна помош – средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци. Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик, истакна Стефковски.