Пендаровски воздржан за можноста до декември да се одблокира ветото од Бугарија


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски изјави денеска дека доколку во Бугарија не се конституираат сите институции е можно да се најде решение за проблемот кој го има Северна Македонија во однос на процесот со евроинтеграциите.

„Би одел со поумерени претпоставки и проценки – следната недела треба да завршат претседателските избори, очекуваме дека според резулатите од првиот круг, истиот човек ќе остане за претседател. Но, ако и другите две институции не се конституираат, влада и парламент, ќе биде тешко самиот да одлучи во која насока да реши да одлучува”, изјави претседателот Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во пресрет на Самитот Македонија 2025 на кој има воведно изклагање.

„Така што, би почекал да видиме дали може во тој мал, како го нарекуваме прозорец на можности, од 21 ноември, по завршување на нивните избори, до 14 декември кога е Советот за општи работи на ЕУ, дали може да се конституира и парламентот. Се сомневам ако немаат парламент, дека би можеле да направиме пробив и при постоење добра воља од двете страни”, изјави Пендаровски. (М.Ј.)