Пендаровски во Франција, утре на средба со Макрон


Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре, како што е потврдено, ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон.


Пендаровски ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.
Најави дека пред Макрон ќе ја повтори позицијата дека евроинтеграцијата на Северна Македонија нема алтернатива и оти земјата е подготвена да продолжи по тој пат, независно дали тоа ќе биде според досегашната или по новата методологија што ја заговара Франција.

Истакна дека реформите не ги правиме за европските бирократи, туку за нашите граѓани и промената на името не е единствен наш адут. Да нема илузиции, побара Пендаровски, дека може да постои човек на светот што ќе оди и ќе го разубедува францускиот претседател да ни даде датум за преговори.

Шефот на државата, сепак, очекува во наредниот период да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè Франција, која беше против почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Пендаровски, покрај средбата со Макрон, утре ќе има и обраќање на форумот, на кој ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади.