Пендаровски со сопругата на погребот на кралицата Елизабета Втора

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопштија дека тој и сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември во Лондон.
Според британските медиуми, ова ќе биде прв државен погреб од ваков формат во Обединетото Кралство по тој на Винстон Черчил во 1965 година. Се очекува на него да присуствуваат многу кралски семејства и шефови на држаби и на влади.
Според најавите од Лондон, лидерите и кралските преставници треба да бидат пренесени до Вестминстерската опатија со автобуси со придружба. Поради „строгите безбедносни и ограничувања на патиштата“, од нив ќе се бара да не доаѓаат со своите приватни државни возила, се наведува во документи разгледани од Политико.