Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат
Не е точно дека само претседателот Стево Пендаровски има безбедносен сертификат. Тоа го потврди тој самиот во интервју за програмата „Стадион“ на Радио Канал 77.
„До овој момент меѓу 40 и 50 високи функионери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни серитфикати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат.
Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти
дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер
Спасовски, Маричиќ… Такво нешто нема досега нема добиено ниту еден политичар
на локалнo или централно ново. Никој политичар нема добиено негативно решение,
или да е формално одбиен од НАТО“, изјави Пендаровски.