Пендаровски: Мицкоски разбра дека „агентот што го следел бил од најмоќната тајна служба“


 

Премиерот Христијан Мицкоски се излизга или беше наместен – така изјави поранешниот претседател Стево Пендаровски во поткастот „Политиканти“ околу наводната афера дека тој бил следен од агенти на тајната служба.

Но не само тоа: објавувајќи ги кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“ од собрансиската говорница, Пендаровски рече дека едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот бил агент на најмоќната странска служба. Потоа, забележа Пендаровски, Мицкоски престана да ја споменува аферата. Како резултат на тоа, размената на информации од безбедносно ниво со моќните партнери е сведено на технички минимално ниво поради пад на довербата.