Пендаровски ќе им додели Орден за заслуги на Тодоровски, Ангеловски и Мјаку, Медал за заслуги за К-15
Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 декември 2023 година, вторник, на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.
Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.
Медал за заслуги за Република Северна Македонија ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.
Признанието Повелба на Република Северна Македонија ќе биде доделено на Албанскиот театар.