Пендаровски: Геноцидот во Сребреница е најголемото воено злосторство во Европа по Втората светска војна
Претседателот Стево Пендаровски денеска оцени дека геноцидот во Сребреница е најголемото воено злосторство во Европа по Втората светска војна и колективен неуспех на целиот демократски свет.

„Денеска се сеќаваме на геноцидот во Сребреница како најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна.
Масовната егзекуција на над осум илјади босански муслимани, мажи и деца, е колективен неуспех на целиот демократски свет, што не смееме никогаш да ја заборавиме.
Не може да има помирување сè додека се негира вистината и сè додека не бидат признаени страдањата и болките“, напиша македонскиот претседател на Фејсбук.