Пендаровски: Да излеземе масовно во недела и да избереме напредок, ова е вистинскиот пат за подобар живот
Стево Пендаровски кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, на средби со жителите на Дојран и Богданци, ги повике граѓаните во недела, на 21 април, со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава
Со гласот за Гордана Сиљановска може да се вратиме само назад, во времето Груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.
„Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот.“, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Пендаровски побара максимална мобилизација на изборите , бидејќи станува збор за патот по кој треба да продолжи земјата, секој глас е важен.