Пендаровски ѝ посака успех на Тамара на Евросонг : Само напред девојко!


Претседателот Стево Пендаровски кој речиси пред една недела ја презеде функцијата шеф на државата,  со својата сопруга денеска преку телефон и посака на Тамара успех на настапот на финалето на Евровизија.

– Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара и нејзиниот тим во финалната вечер на Изборот за песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Вчера, и премиерот Заев на социјалните мрежи ја сподели радоста од влезот на Тамара во финале на Евросонг. Еве, што меѓу другото напиша претседателот на Владата:

-Нашата земја со нашата прекрасна национална песна отпеана од Тамара доби датум за финалето на Евровизија. А претходно ни дојде и Папата Франциск, ни беше и принцот Едвард, а ви најавувам уште многу гости во нашата мила државичка. Така е кога се исполнети сите реформи дома, кога блескаме во светот, кога држиме лекција на Европа со европски манири и со европски вредности, и со европски начин на однесување во европскиот Тел Авив. Заедно напред!

Тамара настапува вечер под реден број 8 и важи меѓу фаворитите на престижниот музички настан во Тел Авив.

Првпат по седум години Македонија ќе има свој претставник на финалната вечер. Македонија последен пат се најде во финалето со настапот на Калиопи во 2012 година.