Пелоси не исклучува постапка за импичмент на Трамп
САД – Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Нанси Пелоси изјави дека ништо не може да се исклучи, вклучувајќи и потенцијална процедура за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.
Пелоси говореше на собир во Калифорнија откако специјалниот обвинител Роберт Малер вчера изјави дека од Конгресот зависи што следува по неговиот извештај.
Пелоси рече дека бара комисиите во Конгресот да истражат дали Трамп ја опструирал истрагата на Малер.
– Ќе видиме до каде ќе не доведе ова … Ништо не е исклучено, додаде таа.