Пелегрини останува премиер на Словачка
Петер Пелегрини ќе остане словачки премиер откако опозицијата не успеа да собере доволно гласови за импичмент во Парламентот, после притисокот врз Владата поради случајот со убиениот новинар Јан Куцијак и неговата вереница.
Опозициските партии сакаа да го отстранат Пелегрини затоа што тој не предложи Моника Јанковска да се разреши од функцијата државен секретар во Министерството за правда, откако се појавија информации за нејзина наводна комуникација со претприемачот Маријан К. кој се терети дека го наредил убиството на Јан Куцијак.
Минатогодишното убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, кој откривал случаи на измама во кои биле вмешани политичари, и неговата вереница Мартина Куснирова ги предизвика најголемите протести во Словачка од падот на комунизмот во 1989 година.