Пеевски: Времето на Костадинов заврши, да му се земе пратеничкиот имунитет

Лидерот на бугарската „ДПС – Нов почеток“, Дељан Пеевски, ги оцени денешните резултати како голем успех за Бугарија и владата и побара укинување на имунитетите на пратениците од партијата „Вазраждане“.
„Лажговците што се обидуваат – и најважниот лажго и шарлатан – нема да успеат. Денес, сè е завршено за нив. Заканите за војна, за немири, за дигање во воздух на ЕУ – ги повикувам сите надлежни органи прво да испитаат што се случило пред Европската комисија, да не кријат – и ги повикувам моите колеги веднаш да ги укинат имунитетите на „Вазраждане“. Времето на Костадинов заврши“, порача Пеевски.
Реакцијата уследи по тепачката во бугарското Народно собрание каде што се гласаше за одлуката дали земјата да се приклулчи на еврозоната, а националистичките сили беа против. Сепак,четири формации го спречија предлогот за вклучување на дневен ред четири нацрт-резолуции за укинување на имунитетот на Никола Димитров, Ивајло Чорбов, Јордан Тодоров и Славчо Крумов – пратениците од „Вазраждане“, кои се под истрага за нападот врз Куќата на Европа.Предлозите овој пат ги поднесе Хамид Хамид од „ДПС-Нов почеток“, откако во претходните месеци ги предложија претседателката на Собранието Наталија Киселова и пратеникот Јавор Божанков.
За време на гласањето, пратеничките групи на ГЕРБ, ДПС-ДПС, „Има таков народ“ и МЕХ се воздржаа, а „Вазраждане“ гласаа „против“.