Пецаков: Срамота е да не се одржи Охридскиот маратон
„Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.
Жалам за љубителите на водни спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.
Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, се вели во реакцијата на Пецаков.