Пaдна снег сред јули во Италија (видео)


Лошото време пропратено со обилни врнежи, град и снег ја парализираа Александрија во Италија и предизвикаа големи проблеми на патиштата.

Патишта полни со мраз и снег вчера по 16 часот ја погодија Александрија.

Гром и невреме најпрво ја погодија општината Фелизано, а потоа набрзо стигнаа до Александрија, а подоцна и Доњи Монферато.

Во населбата Кваторди градот буквално ги побеле улиците, а најмногу проблеми направија силните дождови и ветерот кои ги принудија возачите да застанат.

Противпожарната бригада во областите на Александрија добила голем број пријави поради насобрано вода на надвозниците во Фелизан и Куаторди.
На патиштата има град од неколку сантиметри, внимавајте“, е апелот на Цивилната заштита, пренесуваат италијанските медиуми.

Имаше многу жители кои пријавија штети во месноста Варезото и Комаско, а некои автомобили останаа поплавени на подвозниците.