Патот Маврово-Галичник сѐ уште не е прооден, извести ЦУК
За ситуацијата по првите зимски пообилни врнежи од дожд, а снег на повисоките места известуваат регионалниот центри од државата преку националниот ЦУК.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово-Галичник од 3.12.2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со Македонија пат – Пункт Маврово, од каде што известиле дека ќе прават договор со трети лица ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата.
Регионалниот ЦУК Гостивар информира при комуникацијата со Општина Маврово-Ростуше е добиено известување дека патот до село Дуф е прооден, а дека екипата за расчистување е сѐ уште на терен за довршувањето на работата.