Патот Кичево – крак со село Цер од денеска целосно затворен за сообраќај од 10 до 16 часот


Од АМСМ информираа дека патниот правец Р2337 Кичево – крак со село Цер од денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај од 10 до 16 часот поради изведување на градежни работи на пат  (асфалтирање).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.