Патолог наведува три можни причини за смрттa на Џин Хeкман и сопругата Бетси


Истрагата за смртта на легендарниот актер Џин Хекман, на неговата сопруга Бетси Аракава и на едно од нивните три кучиња,трае и натаму откако беа пронајдени мртви на 26 февруари. Остануваат многу прашања во врска со околностите околу нивната смрт, но канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе издаде ажурирање засновано на „обемната истрага за истекување на гас и јаглерод моноксид во домот на Џин Хекман“, отфрлајќи ја како причина за смртта  компанијата за гас во Ново Мексико.

„Немаше значајни наоди. Имаше мало истекување, 0,33% гас во воздухот, што не е смртоносна количина, на шпоретот“, се вели во соопштението. „Останатите четири црвени аларми беа за истекување на гас или јаглерод моноксид преку бојлерот или  запалките за гас, инсталирани во три камини“.

Иако се чини дека е исклучено истекување на гас, уште три причини за смртта беа наведени од Џејмс Гил по главниот лекарски преглед. Гил верува дека и двајцата починале од природна смрт.

„ Според првичната оценка на околностите се чини дека тој можеби колабирал“, изјави Гил за People. „Тој имал историја на срцеви заболувања. Има пејсмејкер. Така што тоа не би било невообичаено. Но, необично е зошто и таа колабирала? Претпоставате дека го нашла. Потоа почнувате да се прашувате: Можно ли е стресот од гледањето некој како умира да предизвика природна смрт кај неа“.

Гил изнесе уште една можност – дека Бетси умрела прва и Џин „ја пронашол и отишол да побара помош или да го земе телефонот, а потоа паднал од стресот од тоа“. Исто толку веројатно. Тој е постар,  има позната срцева болест. Но, обдукцијата сигурно ќе покаже дали имал срцева болест или рак“. Тој спомена и „ нешто од типот на скршено срце“, што е „познато дека се случува“. „Ненадејно наоѓање на вашата сакана мртва на подот може да ви го зголеми адреналинот и да го стимулира вашето срце да чука побрзо, а тоа може да го стави вашето срце во неправилен ритам“, рече тој.

Околу последната теорија Гил оцени дека, откако ќе пронајдат мртов некој близок, „луѓето стануваат многу очајни и прават нешто за да си го одземат животот, а тоа може да биде со апчиња или со тоа што имаш. Мислам дека токсиколошката работа ќе биде корисна во исклучувањето на причините како што се интоксикација или повреди“. Се очекува токсиколошкиот извештај да трае неколку недели.

За кучето има теорија дека починало бидејќи останало без вода и храна. Двојката била мртва две недели, а кучињата можат да издржат без храна и вода една недела.