Патнички брод со 267 лица се преврте кај Кипар, најмалку шест се загинати


Патнички брод на компанијата „Filo Jet“, кој превезувал повеќе од 267 патници, се превртел кратко по испловувањето од пристаништето Ѓирне на северот на Кипар, јавува локалниот медиум „Özgür Gazete Kıbrıs“. Премиерот на Северен Кипар, Унал Устел, изјави дека загинале најмалку шест луѓе.Мурат Сенкул, градоначалникот на крајбрежниот град Киренија, изјави дека 172 патници се спасени.

Во бродот почнала да навлегува вода на околу седум километри од брегот. Локалната телевизија емитуваше снимки од превртениот траект во водата, додека на неговиот труп се гледаат луѓе кои носат елеци за спасување. На бродот којпатувал за турскиот град Мерсин биле 259 патници и осум члена на екипажот.

Несреќата се случила на околу два до три километри од брегот. Патниците кои биле на бродот се искачиле на превртениот труп на пловилото, каде што ја чекаат помошта и евакуацијата.