Патнички авион од Индија принудно слета во Турција по закана за бомба


Авион на индиската авиокомпанија „Вистара ерлајнс“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот од земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Властите го евакуираа авионот и започнаа потрага по експлозиви, се вели во соопштението. Авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.

„Летот UK27 од Мумбаи до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) поради безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша компанија на X.

„Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на Ерзурум Мусрафа Чифтчи за државната новинска агенција Анадолу, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.