Патеката на астероидот што ги уништи диносаурусите предизвика „совршена бура“
Научниците кои го проучувале кратерот и правеле компјутерски симулации велат дека астероидот удрил во Земјата под агол од 60 степени, што го влошило влијанието врз климата.
Станува се појасно зошто астероидот што ја погоди Земјата пред 66 милиони години беше толку катастрофален. Вселенското тело, кое уништи 75 отсто од сите дотогаш познати видови, вклучително и диносаурусите, ја погоди најлошата можна област на планетата и, според новите истражувања, под најсмртоносен агол, објави Би-Би-Си во четвртокот.
Научниците кои го проучувале кратерот и правеле компјутерски симулации велат дека астероидот удрил во Земјата под агол од 60 степени, што го влошило влијанието врз климата.
Познато е дека карпите на местото на ударот во денешниот Мексикански Залив содржат огромни количини сулфур. Кога тој материјал бил исфрлен високо во атмосферата и се измешал со водената пареа, дошло до „глобална зима“. Аголот на ударот, пак, придонел кризата да биде интензивна и долготрајна.
Ударот под агол од 45 до 60 степени е многу ефикасен во однос на испарување и исфрлање на остатоци високо во воздухот. Ако ударот се случи под помал агол, количеството на материјал што се издигнува во атмосферата е многу помало, објасни професорот Герет Колинс од Кралскиот колеџ во Лондон.
Природата на локацијата каде што се случил настанот, заедно со аголот на удар, придонел за предизвикување соврша бура, додаде тој.
Поголемиот дел од животинскиот и растителсниот свет на Земјата подлегнал на влошените климатски услови.
Кратерот широк 200 километри се наоѓа под полуостровот Јукатан во Мексико, а неговиот најдобро зачуван дел е крај брегот на пристанишниот град Чиксулуба, пишува Би-Би-Си.
Ударот што го смени животот на Земјата
- Научниците веруваат дека објект широк 12 км ја погодил Земјата пред 66 милиони години
- Кратерот што го направил е широк околу 200 км и е затрупан претежно крај брегот
- На копното, тој е покриен со варовник, но неговиот раб е проследен со серија длабоки јами -вртачи
- Експертите дупчат во кратерот за да ги проучат неговите карпи и да го реконструираат настанот
- Тие велат дека ударот бил повеќе од доволен да предизвика масовно истребување