Партијата на Вучиќ поднесе кривична пријава против Вучиќ
Официјални лица на Српската напредна партија и Движењето на социјалистите поднесоа кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин, за сѐ што беше објавено и кажано за нив во врска со кланот на Вељко Беливук.
Потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ пред републичкото јавно обвинителство им рече на новинарите дека кривичната пријава вклучува „она што делумно го пласираа самите медиуми, а делумно претставниците на поранешниот режим“, кои, како што додаде, ги доведуваат Вучиќ и Вулин во контакт со кланот на Беливук.
„Бараме од надлежното обвинителство да ги утврди сите факти и да ѝ го даде на јавноста одговорот што го заслужува“, рече тој.
„Очекуваме обвинителството да има постојана комуникација со нашиот адвокат, да биде информирано за сите дејствија, сакаме да бидеме активен учесник во постапката. „Како граѓанин и дипломиран правник, верувам само во овој начин на утврдување на фактите, верувам во судскиот систем“, додаде Вучевиќ.
Одговарајќи на прашање Вучевиќ рече дека не е должен да каже кои кривични дела ги квалификувал во кривичната пријава.
„Мое право е да ги наведам доказите, односно наводите од кои ја зачнав кривичната пријава, а квалификацијата ја препуштам на надлежното обвинителство. Дури и да го квалификуваме делото, тоа не е обврзувачко за обвинителството“, рече Вучевиќ.
Претседателот на СНС, Александар Вучиќ, веќе го најави овој потег и рече дека со тоа ќе се утврди вистината дали тој и Александар Вулин соработувале и го виделе Беливук.
На почетокот на декември минатата година, Вучевиќ поднесе кривична пријава до републичкото обвинителство против Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј, со цел да се утврди дали се поврзани со случајот „Јовањица“. Кон крајот на јануари обвинителството објави дека браќата Вучиќ немаат никаква врска со Јовањица.