Парламентарните избори во Германија на 26 септември идната година


Полицаат

Германската Влада денеска донесе одлука парламентарните избори да се одржат на 26 септември следната година, изјави портпаролката на Владата Мартина Фиц.

Конечната одлука мора да ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

За распишување на изборите за Бундестагот, законот предвидува само приближно време во кое треба да се одржи гласањето, а во тие рамки мора да се најде термин.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер пред да и предложи на Владата датум за избори се усогласи со покраините поради датумот на распуштање.

Така, следната есен повеќе од 60 милиони Германци ќе го избираат 60-от состав на Бундестагот.