Паркот „Радост“ во Аеродром зависи од донатори

Паркот „Радост“ во Аеродром, последен пат виде некаква активност на 25 алрил годинава, две години по почетокот на неговата изградба, а од тогаш никако да почне да наликува на парк.
На денешната седница на Советот на Оптшина Аеродром, советник праша кога ќе биде готов, а В.Д. градоначалникот Дејан Митески уверува дека тоа ќе биде парк, наскоро.
„Паркот „Радост“, ќе биде парк, а таму нема да никне зграда, како што некој претходно сакаше. Тој во голема мерка зависи од донаторите, па и градежните активности зависат од динамиката на донациите“, рече Митески.
На 25 април годинава таму, челниците на општината засадија 62 дрвја во чест на загинатите од Кочани, донација од Европската унија.
Изградбата на овој парк почна пред две години, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје и фирми донатори.