Паркот наспроти општина Кисела Вода ќе добие нов лик


Темелно се реконструира паркот наспроти општина Кисела Вода. 

– Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите граѓани. На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 метри квадратни. Старото и дотраено кое не беше во функција го заменуваме со ново и модерно, за непречена игра на нашите најмали жители, соопшти градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. 

Реконструкцијата го опфаќа и кошаркарското игралиште кое се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат можност да спортуваат на нов модерен терен.

Паркот добива и нова урбана опрема, зеленило, кој ќе нуди совршен амбиент за сите посетители.

– За скоро време, мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање, дополни првиот човек на општината.