Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
– На 18, 20 и 21 април граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил, стои во соопштението на ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Со оглед на тоа дека сабота е работен ден, од ЈП ПОЦ велат дека паркиралиштата со кои стопанисуваат ќе работат со вообичаено работно време.
– Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, 19.04.2025 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, стои во соопштението на ЈП ПОЦ.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22.04.2025 година со вообичаено работно време.