Парите за партиите останаа и во ребалансот на Буџетот
Ставката за финансирање на политичките партии не претрпе никаква дополнителна промена во ребалансот на Буџетот, рече денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на прашање на независен.мк.
-Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и таа ставка сега со ребалансот на Буџетот нема претрпено никаква промена. Во моментов на таа ставка во таа програма има околу 106 милиони денари во рамки на Министерството за правда, рече Ангеловска.