Пари: Кои акции беа вистински шампиони во регионот Адрија со растот на цената во 2024 година?


Фото: Б. Грданоски

Анализата покажа дека дваесет компании се вистински шампиони со раст на цената на нивните акции од 80 насто до фантастични 995 насто.

Табела 1

Убедливо најголем раст на цената на акцијата има српската компанија Путеви од Пожега, која во 2024 година беше предмет на преземање од страна на друга компанија Путеви од Ужице. И оваа компанија бележи рекорден раст на цената на акцијата од дури 135,79 насто. И двете компании се занимаваат со изградба и одржување на патишта.

На листата на дваесет компании со најголем раст на цената на акциите се и пет банки, меѓу кои со растот на цената на акцијата предничи Подравска банка од Хрватска. Таа е на второ место на листата на 20 берзански шампиони, со раст на цената на акцијата од 164,5 насто.

Меѓу останатите четири банки дури три се од МакедонијаСтопанска банка ‒ Скопје бележи раст на цената на акцијата во минатата година од 125,1 насто, Комерцијална банка ‒ Скопје има ценовен раст на акцијата од 99,3 насто, а НЛБ банка ‒ Скопје ја заврши 2024 година со зголемена вредност на акцијата за 89,22 насто. Во ова друштво влезе и Слатинска банка од Хрватска, чија акција забележа ценовен раст од 87,36 насто.

Трите македонските банки се единствените претставници на земјава во ова елитно друштво. Од дваесетте компании со најголем раст на акцијата по шест се од Србија и од Хрватска, а пет се од Босна и Херцеговина, кои котираат на Сараевската берза.

Од финансискиот сектор има и три осигурителни компании чии акции лани остварија фантастичен ценовен раст. Тие се: сараевската Босна реосигурање, српската АМС осигурање и хрватската Кроација осигурање.

Овие дваесет компании бележат огромен раст на цената на нивната акција во услови кога берзите на кои котираат, со исклучок на Македонската берза, имаат поскромни резултати. Македонскиот берзански индекс предводи во регионот со годишен раст од 65,99 насто. Главниот индекс на Љубљанската берза порасна за 34,23 насто, а на Белградската берза за 30,6 насто. Crobex-индексот на Хрватска берза бележи раст од 25,9 насто, а главниот индекс на Сараевската берза од 17,36 насто. Берзата во Подгорица во 2024 година забележа раст на вредноста на главниот берзански индекс од скромни 2,1 насто.