Папата Франциско побара да запре „масакрот“ во Украина
Папата Франциско ја упати својата најостра осуда досега за руската инвазија на Украина, велејќи на 13 март дека „неприфатливата вооружена агресија“ мора да престане.
Зборувајќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар за неговиот неделен благослов, Франциско исто така рече дека убивањето на деца и невооружени цивили е „варварско“ и без „валидна стратешка причина“.
Тој го нарече опколениот град Мариупол „град на маченици“ и повторно апелираше за „вистински безбедни хуманитарни коридори“ за да им се овозможи на жителите да се евакуираат.
„Во името на Бога ве молам: престанете со овој масакр!“, рече папата, додавајќи дека украинските градови ризикуваат „да бидат сведени на гробишта“.
Папата не го употреби зборот „Русија“ во осудите на војната откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари.