Папата Франциск: Зошто Степинац би бил прогласен за светец, ако вистината не е јасна
– Степинац беше духовен човек, затоа Црквата го прогласи за блажен. Но, во одреден момент во процесот на канонизација постојат нејасни точки, историски точки. Се молев, размислував, барав совети и видов дека треба да побарам помош од српскиот партијарх Иринеј. Тој е голем патријарх. Иринеј помогна, направивме заедничка историска комисија и соработувавме. И за Иринеј и за мене единствениот интерес е вистината. И да не згрешиме. Зошто би служило тоа прогласување ако вистината не е јасна. Тоа никому не користи, изјави папата Франциск за ХРТ во авионот, по враќањето од посетата на Северна Македонија и Бугарија.
Специјална комисија на Католичката и Православната црка покрена иницијатива да се испита улогата на загрепскиот надбискуп Алојз Степинац за време на Втората светска војна.
Верскиот аналитичар Жељко Ињац за Би-Би-Си на српски јазик вчера изјави дека на Ватикан му е важно да има добри односи со Српската православна црква, поради руската црква, но до подобрување на односите нема да дојде поради одлуката на претходникот на папата Франциск за случајот Степинац.
– Папата Франциск најави реформи, но тешко може да се очекува обединување на двете цркви кои се во раскол од 1054 година, рече Ињац.
Фото: Б. Грданоски