Папата Франциск: Чест ми е што ме напаѓаат Американците


САД- Папата Франциск во кус разговор со еден француски новинар изјави дека е почестен со критиките од страна на конзервативните католици во САД.

– За мене е чест што ме напаѓаат Американците, изјави папата пред Николас Сенез од католичкиот весник „Кроа“ кој напиша книга за тоа како САД сакаат да менуваат папи.

Кога Сенез во авион на пат кон Африка, му дал примерок од книгата, папата се пошегувал и рекол: „Ова ќе биде бомба“.

Сенез во книгата пишува за две кампањи кои ги иницирале американските католици, вознемирени поради иновациите на папата Франциск.