Паолучи: Јавниот долг на Македонија значителнo се зголеми – на 62,4 проценти


 Темите за кои ќе се дискутира денеска се од глобална важност и се порелевантни денеска од било кога заради неизвесностите и фискалните кризи што го погодија регионот, но и целиот свет, порача директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија Масимилијано Получи на денешната презентација „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“ пред членовите на собраниските комисии за финансирање и буџет и за економски прашања, труд и енергетска политика.

-Јавниот долг во Република Северна Македонија значителни се зголеми и сега е на 62,4 проценти од БДП што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојани фискални дефицити од пандемијата кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно, рече Паолучи во обраќањето пред комисиите во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.

Нагласи дека новите фискални правила и институции преку наложување може подобро да функционираат во втемелување на здрави јавни финансии доколку независните фискални институции ги оценуваат макрофискалните предвидувања на централната влада и делуваат согласно правилата.

-Но, воведување на фискалните правила без политичка волја за нивно спроведување не може да гарантира одговорни фискални политики. Има простор за дебата како функционираат, дали функционираат и се надеваме дека некои од тие прашања ќе ги дискутираме денеска, рече Паолучи.

Нагласи дека и некои од другите држави на Западен Балкан исто така преземаат одредени мерки за зачувување на остварените придобивки со кои, како што рече, се надеваат да ги затворат празнините и чекорите во финансиски и човечки капитал што им е приоритет.

-Процесот на придружување наложува придржување кон подготвувањето на доверливи  јавни сметки и статистики. Се надевам дека на денешната конференција ќе го разгледаме значењето на овие рамки за стабилизирање на јавните финансии, рече Паолучи и му се заблагодари на Фискалниот совет за поддршката и помошта за организирање на конференцијата.

За денеска попладне е закажана конференција на иста тема во скопскиот хотел „Мериот“.