Пандов бара затворениците што одат на работа, од дома да ја одлежуваат казната
Да профункционираат казнените „алкиж3, со кои се следи движењето на осудениците, да се изречат условни прекини на затворските казни и други мерки предлага директорот на Управат за санкции Александар Пандов, ксо цел да се растоварат затворите, кои се пренатрупани.
– Во затворите имаа околу 400 затвореници кои се со А-третман, значи одреден дел од нив, повеќе од 100, излегуваат од сдабајле од 7-8 часот, зависи како им е работниот договор, до 4 до 5 часот попладне. Ако тие веќе така може да излегуваат и да ги повторуваат еве, своите кривични дела од претходно, зошто не направиме тие луѓе да ги „ослободиме“, да имаат условен прекин на нивната казна. Притоа, јас како директор на Управата за извршување санкции, не можам да го занемарам финансискиот момент. Еден затвореник, во зависност од затвор до затвор, е околу 2.000 денари или околу 35 евра. Тоа е на годишно ниво над 10.000 евра, еден наш затвореник. Секако доколку би се изрекувале условни прекини, кога би се изрекувале алки, јас сум оптимист дека ако не до крајот на оваа, на почетокот на следната би се ставиле во функција, тие затвореници во домашни услови ќе може да си ги одлежуваат своите казни – рече Пандов пред почетокот на работилницата на тема „Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност-Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“ во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво.
Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.
Намалувањето на затворската популација, смета Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.
– За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, изградена е само првата фаза на затворот Идризово и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало и втората фаза да биде завршена. Не е. Не е направено ништо по тоа прашање, пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа за жал парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум затоа што од главната крунска организација која што прави контрола на затворите ЦИПИТИ односно Организацијата за превенција и борба против тортура, еве следната недела треба од 7 до 10-ти да присуствува да направи повторно контрола на македонските затвори и јас се надевам искрено дека во овие три минати месеци колку што не само јас туку и новите директори на македонските затвори успеавме да ги подобриме колку толку работите дека ќе бидат одмрзнати тие средства и веќе следната година со Господ напред дека ќе започне втората фаза, а со самото тоа ќе се отворат, изјави Пандов.
Најави и дека ќе има целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.
-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.
Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.