„Пакомак“ обезбеди реупотреблива чаша за Д Фестивал


Под слоганот „Биди зелен, не биди „зелен“, овој викенд Пакомак ќе бие присутен на  ДФестивал со голем број на промоции и едукативни активности. 

Сите посетители на ДФест ќе можат да набават реупотреблива чаша и да добијат попуст на  точено пиво. Целта со овие чаши е посетителите да создадат што е можно помалку отпад,  но и да добијат соодветен спомен од фестивалот. Дополнително на голем број на локации,  за време на фестивалот ќе бидат поставени контејнери за селектирање на различен вид на  отпад, а тимовите на Пакомак ќе едуцираат и ќе им помогнат на посетителите истиот да го  селектираат и одложат соодветно. 

– На повеќе локации ќе поставиме контејнери за хартија, пластика и стакло, како макети од  нашите познати вендинг машини за пластични шишиња и лименки. Нашата цел е да  придонесеме на зачувување на околината и да ги поттикнеме граѓаните да рециклираат  повеќе. Вообичаено, на големите музички фестивали се акумулира големо количество на  отпад, а ние како како водечка компанија за управување на отпадот од пакување, сакаме  да дадеме наш придонес и да помогнеме во справување со истиот. Сѐ повеќе во светот се  зборува за зелени настани, па сакаме да покажеме дека и ние можеме да фатиме чекор со  современите трендови – ни изјави Ико Брдароски од Пакомак. 

Дополнително, за време на фестивалот сите нови корисници кои ќе ја симнат апликацијата  Екомак за користење на повратните вендинг машини и ќе селектираат 3 шишиња или  лименки до 10 јули во нив, ќе добијат 300 зелени поени за да ги искористат во маркетите. 

– На сите посетители на ДФестивал, им посакуваме пријатна забава, многу незаборавни  моменти и апелираме да не забораваат на природата и околината. Се надеваме дека  нашите тимови ќе ги инспирираат посетителите за соодветно третирање на отпадот и дека  на крајот ќе можеме да се пофалиме со рекорден број на селектиран и собран отпад од  пакување – велат од Пакомак.